Бањалучки Борац успеа да ја сочува својата мрежа недопрена на гостувањето против Олимпија во Љубљана, што му овозможи на босанско-херцеговскиот претставник да ја зачува предноста од еден гол од првиот натпревар и да се пласира во осминафиналето на Конференциската лига.
Словенечкиот тим испишти можност да поведе од пенал уште во 7. минута, а неуспешен изведувач беше Шпанецот Алехандро Бланко чиј удар го одбрани голманот на Борац, Филип Манојловиќ.
Литванскиот судија Лукјанчукас го продолжи натпреварот за 18 минути во вториот дел, бидејќи натпреварот мораше да биде прекинат поради судир на навивачите на трибините на стадионот „Стожице“, за што беше мораше да реагира и интервентната полиција.
Борац од Бања Лука во осминафиналето ќе игра против Рапид Виена или Фиорентина.

Жестока беше кипарската пресметка меѓу Пафос и Омонија. Пафос го доби реваншот со 2:1 и се пласираше во осминафиналето со вкупни 3:2. Стрелци за Пафос беа Бруно во 28. и Силва 65., додека Стеван Јоветиќ во 60. минута го постигна тогаш израмнувачкиот гол за Омонија.
Можни противници на Пафос во осминафиналето се швајцарски Лугано и шведски Џургарденс.
Фудбалерите на Гент го совладаа Бетис со 1:0 на гостувањето во Севиља, а стрелец беше Арчи Браун во 87. минута. Сепак, шпанскиот претставник обезбеди пласман во осминафиналето, бидејќи во Белгија победи со 3:0.
Бетис би можел да се соочи со лондонски Челзи или португалска Виторија Гимараеш.
Копенхаген во првиот меч пред своја публика беше поразен со 2:1 од германскиот тим Хајденхајм, но данскиот тим ја надополни таа негатива во реваншот. Головите на Чиаха во 37. и Дикс од пенал во 53. минута му донесоа водство на Копенхаген, но Скиенца во 74. минута го однесе Хајденхајм во продолженијата. Мексиканецот Родриго Хуескас ја искористи грешката на домашната одбрана во 114. минута и го постигна решавачкиот гол за да го испрати Копенхаген во осминафиналето.
Данскиот тим може да се соочи со лондонски Челзи или португалска Виторија Гимараеш како нивни противници во оваа фаза од натпреварувањето.
Слични новости
Рома без Дибала до крајот на сезоната
Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека неговиот напаѓач и аргентински интернационалец 31-годишниот Пауло Дибала ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на левиот бутен мускул
Почина поранешниот сопственик на Формула 1 тим Еди Џордан
Поранешниот сопственик на тим во Формула 1, Еди Џордан, почина во својот дом во Кејп Таун на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство
Четвртфинале на Лигата на нации: Шпанија игра на гости со Холандија, а Италија на Сан Сиро ја дочекува Германија
Шпанија е фаворит во четвртфиналето, но нема да има лесна задача против силната Холандија која лани играше во полуфиналето на европското првенство.