Новиот стадион на Евертон на Брамли-Мур Док пречека 10.000 навивачи на пробен настан, пријателски натпревар за играчи до 18 години против Виган Атлетик, додека овој англиски премиерлигаш се подготвува да се збогува со „Гудисон Парк“ на крајот од оваа сезона.

Изградбата на новиот стадион со 52.888 седишта траеше четири години и чини близу 800 милиони фунти (1,01 милијарда долари), според извештаите на британските медиуми, а исто така треба да биде домаќин на натпреварите на ЕУРО 2028 година.

„Кој и да го дизајнираше, направи фантастична работа, бидејќи трибините се над вас. Кога ова ќе биде полно следната сезона, ќе биде пеколно место за играње“, изјави тренерот на младинскиот тим на Евертон, Кит Саутерн за клупската телевизија.

Прв стрелец на новиот стадион на Евертон беше Харисон Ример од Виган, кој погоди за гостите во 12. минута. Евертон загуби со 1:2, а стрелец на голот на домаќините беше Реј Роберт.

Стадионот „Гудисон Парк“, домот на Евертон од 1892 година, беше домаќин на последното дерби во средата кога тимот на Дејвид Мојс ремизираше 2:2 со лидерот Ливерпул. Последниот натпреварувачки натпревар на стадионот ќе се одигра на 18. мај кога на Евертон ќе му гостува Саутемптон.

Стадионот потоа ќе биде урнат, а земјиштето ќе се користи за изградба на станбени и деловни згради.

globe

Слични новости

Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда

Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда

Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.