Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото пристигнување во саудискиот главен град Ријад изјави дека разговорите за Украина ќе бидат исклучиво билатерални, пренесе ноќта кон вторникот руската државна новинска агенција РИА.

„Дојдовме да преговараме само со американските колеги. Главната работа е да започне вистинска нормализација на односите меѓу нас и Вашингтон. Тоа се билатерални разговори, чисто билатерални, во Ријад не може да има трилатерални разговори“, рекол Ушаков.

Високи руски и американски функционери треба да се сретнат подоцна во вторникот во Саудиска Арабија на разговори чија цел, според Москва, е обновување на билатералните односи, поставување на основата за преговорите за Украина и за средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.

И двете страни, сепак, го минимизираа значењето на очекуваните резултати во Украина, по три години речиси целосно замрзнување на нивните односи поради војната. Украинците и Европејците стравуваат дека Вашингтон ќе ги напушти, и би можел да бара договор со Москва зад нивниот „грб“, наведуваат агенциите.

Западните агенции проценуваат дека Кремљ најверојатно ќе биде подготвен да разговара за безбедноста на европскиот континент како целина, откако претходно повика на повлекување на силите на НАТО од Источна Европа и смета дека инвазијата на Украина е одговор на егзистенцијалната закана што ја гледа од НАТО. Тоа е всушност договорот што Русија им го упати на САД и НАТО во декември 2021 година, кој беше експресно и со иронија отфрлен од Вашингтон и Брисел, а по два месеца уследи руската инвазија во Украина која се амбицираше да стане членка на Северноатлантската алијанса.

Состанокот во Ријад, од кој се исклучени Украинците и Европејците, доаѓа во време на дипломатски превирања предизвикани од минатонеделниот телефонски разговор Трамп-Путин, кој го наруши единството на Западот против Москва.

Челнциите на западните европски земји и на институциите Европската унија се состанаа во понеделникот попладнето во Париз за да разговараат за нивната стратегија, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Турција за да се сретне со неговиот колега Реџеп Тајип Ердоган во вторникот и во Саудиска Арабија во средата. Американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, во вторник ќе отпатува за Полска, а во четврток во Киев.

Од американска страна, државниот секретар Марко Рубио во понеделникот допатува во Саудиска Арабија, каде што беше примен од престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, средбата во Ријад „ќе биде посветена и на подготовка на можни преговори за решавање на украинскиот конфликт и организирање средба меѓу двајцата претседатели“ Путин и Трамп.

Блискиот исток, исто така, најверојатно може да биде на преговарачка маса, според рускиот министер за надворешни работи, во време кога Русите и Американците се натпреваруваат во регионот, а Москва увидела дека нејзините сојузници Башар ал-Асад во Сирија и Иран доживуваат неуспеси последните месеци.

Володимир Зеленски во понеделникот повтори дека Украина „нема да признае“ каков и да е договор постигнат без него и изрази жалење што не бил однапред информиран за разговорите во Ријад.

globe

Слични новости

Кремљ ја обвинува Украина дека се обидува да ги опструира руско-американските мировни

Кремљ ја обвинува Украина дека се обидува да ги опструира руско-американските мировни

Кремљ во средата ја обвини Украина дека сака да ги опструира руско-американските напори за решавање на конфликтот, прекорувајќи и дека веднаш не ги прекинал нападите врз енергетската инфраструктура, како што се договорија рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп

Зеленски против отстапките за Русија за помошта од Западот

Зеленски против отстапките за Русија за помошта од Западот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата повика да не се прават „отстапки“ на Русија, која бара прекин на помошта од Западот за Киев пред да се постигне прекин на огнот, најавувајќи дека во среда ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп