Во последниот натпревар од 24. коло во шпанското фудбалско првенство Барселона со 1:0 го совлада Рајо Ваљекано и го презеде врвот на табелата. Решавачкиот гол го постигна Роберт Левандовски од пенал во 28. минута.

Неочекуваните киксови на Реал Мадрид и Атлетико во ова коло им отворија можност на „блауграните“ да го преземат врвот на табелата со победата против Рајо.
Не така одамна Реал Мадрид имаше седум бода предност, но „Кралскиот“ клуб во последните три кола освои само два бода, додека Барса забележа четири победи во низа.
Барселона сега има 51 бод, колку и Реал, но Каталонците имаат подобра гол-разлика. Атлетико Мадрид е трет со 50 бодови. Рајо Ваљекано остана на шестото место со 35 бодови по првиот пораз во последните 10 кола.
Слични новости
ФИФА го исклучи мексикански Леон од Светското клупско првенство
Костариканскиот клуб Алахуеленсе поднесе жалба против учеството на мексиканските клубови Леон и Пачука, а жалбената комисија на ФИФА одлучи дека Леон не може да се натпреварува
Хамилтон ја доби првата стартна позиција за спринтерската трка во Шангај
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина
Винисиус во судиското продолжение го приближи Бразил до СП
Бразил стигна до победа во драматичната завршница со голот на Винисиус во деветтата минута од судиското надополнување