Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.

Лидерот на третиот партнер во владината коалиција, ЗНАМ, смета дека ако веќе разговараме за промени на грбот или на државните обележја „ќе се отвори една голема дискусија, една голема тема“.

„Сите тие симболи нам нѝ значат, вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш, коешто за жал согласно Преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија, но, како и да е – исто така е и петокраката. Ќе отвориме дискусија, па ќе видиме. Не сакам да отфрлам ништо од самиот почеток“, изјави Димитриевски.

ЗНАМ, посочи Димитриевски, сметаат дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација.

Димитриевски денеска во Скопје, присуствуваше на четвртата јавна дебата за измени на Законот за локална самоуправа.

globe

Слични новости

Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долга, ќе дадеме максимум од себе последиците да бидат што помали

Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долга, ќе дадеме максимум од себе последиците да бидат што помали

Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека рехабилитацијата на децата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде долг процес и оти ќе го дадат максимумот последиците да бидат што помали

Стошевски e нов директор на Општа болница Куманово, наместо разрешениот Трајановски

Стошевски e нов директор на Општа болница Куманово, наместо разрешениот Трајановски

Сашо Стошевски е назначен за нов директор на Општа болница Куманово. На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски