Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно.

Ова се превентивните мерки за спречување на ширење на грипот по препорака на Комисијата за заразни болести, а Министерството за здравство ги задолжува јавните здравствени установи да ги почитуиваат.

 

„Мерките се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на пик на сезонскиот грип. Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи епидемиолошката состојба во државата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што е објавено на веб-страницата на Институтот за јавно здравје – Скопје, од трети до деветти февруари 2025 година во земјава се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната седмица.

Од пријавените, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од пет до 14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје се пријавени 692 заболени, во Струмица – 333, во Битола – 304, во Свети Николе – 158, во Охрид – 141, во Велес – 140, во Радовиш – 122, а во Кавадарци и во Куманово по 109 заболени.

globe

Слични новости

Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба

Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба

Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.

Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент

Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент

Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува собир на граѓани во организација на иницијативата „Кој е следен“, насловен „Народно собрание“. Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.