Со предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%, значително ќе се намалат сметките за струја на 600.000 домаќинства, порача пратеникот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието.

„Намалувањето на ДДВ за електричната енергија ќе значи 13% пониски сметки, односно поевтина струја за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари – износ што, наместо да оди во државниот буџет, ќе остане во семејните буџети“, рече Битиќи.

На прес-конфренцијата, Битиќи посочи дека јануарските сметки за струја се зголеми oд 20% до 30% што е сериозен удар врз семејниот буџет на граѓаните.

„Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните животни потреби. Граѓаните веќе плаќаат и повисоки сметки за струја. Само во јануари тие се зголемија од 20% до 30%, што претставува уште еден тежок удар врз животниот стандард. Во  овие услови, каде што растот на цените го надминува зголемувањато на приходи, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии, а за многумина, месечната плата веќе не е доволна ниту за најосновните трошоци. Наместо Владата да интервенира и да ја заузда кризата, гледаме незаинтересираност, одолговлекување и целосно отсуство на мерки што ќе ја заштитат куповната моќ“, рече Битиќи.

Притоа, Битиќи потенцираше, дека новото владино Министерство за енергетика има реализирано само 50% од планираните инвестиции, домашното производство на електрична енергија не се зголемува што ја прави државата уште позависна од увоз на скапа струја.

globe

Слични новости

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март

Судењето за убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесетгодишниот велешанец Панче Жежовски продолжува во понеделник откако денеска во Основен кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите