Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, на маргините на конференцијата на високо ниво „Справување со геоекономската фрагментација“, во организација на Холандската централна банка, соопшти Народна банка (НБ).
„Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува. Централните банки можат успешно да ги исполнат своите цели само ако се независни, вклучително и преку одржување силна финансиска самостојност заради ефективно спроведување на политиките. Народната банка на Северна Македонија успешно се справи со големиот број неодамнешни предизвици благодарение на нејзината независност и кредибилитет, коишто мора да се зачуваат“, изјави Алфред Камер, директорот на ММФ за Европа.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до директорот Камер за техничката помош од ММФ, како и за препораките за начинот на изменување на Законот за Народната банка и за усогласување со најдобрите меѓународни практики за заштита на независноста на централната банка. „Независната монетарна политика е предуслов за одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, особено во време на предизвици кога во глобалното опкружување и понатаму владеат висока неизвесност и геополитички ризици“, рече Ангеловска-Бежоска.
На конференцијата на високо ниво, гувернерите и замениците на гувернерите од земјите коишто се дел од холандската конституенца на ММФ, заедно со претставниците на високо ниво на ММФ, разговараа за геополитичките ризици и влијанијата врз економиите, како и за краткорочните и за долгорочните решенија на политиките за ублажување на можните негативни ефекти. На Конференцијата учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.
Слични новости
Оддадена почит од студенти и професори на УКИМ, Книга на жалост пред Правниот факултет
Стотици студенти денеска се собраа на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје каде одржаа заеднички час за да оддадат почит на 59-те лица кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица
Во Македонија пристигнати 15 лекари специјалисти за да помогнат околу третманот на повредените во Кочани
15 специјалисти од Србија и Чешка се пристигнати во Македонија за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел.