Во дербито од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат, Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.

Ова е втора последователна победа на Спарс по седум кола без славје. Од друга страна, Јунајтед го претрпе вториот пораз во низа, а трет во последните четири кола.

Тотенхем сега е 12-ти со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е на 15-та позиција со 29 бодови.

Во првиот натпревар во неделата, Ливерпул го победи Вулверхемптон со 2:1, и ја врати предност од седум бодови од второпласираниот Арсенал.

„Црвените“ поведоа во 15. минута со голот на Луис Дијаз, а на 2:0 зголеми Мохамед Салах од пенал во 37. минута. Матеус Куња повлече еден во 67. минута и ги врати гостите во живот. Сепак, до крајот на натпреварот немаше повеќе голови.

Ливерпул води со 60 бодови, Арсенал има 53, а Нотингем Форест е трет со 47 бодови.

Вулверхемптон е на 17. позиција со 19 бода, два повеќе од зоната за испаѓање.

globe

Слични новости

Нов кикс на Манчестер сити на домашен терен

Нов кикс на Манчестер сити на домашен терен

Манчестер сити попладнево одигра 2:2 со тимот на Брајтон и дополнително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампоините. Домаќините на два пати водеа во текот на мечот, но гостите од Брајтон два пати успејаа да изедначат.