Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во изјава за МРТ за средбата со неговиот бугарски колега Георг Георгиев, истакна дека разговарале за потребата од деблокирање на нашиот пат кон полноправно членство.

„Ние сакаме процес којшто е предвидлив, којшто има јасен почеток и јасен крај. Ние како Влада нема да прифатиме под уцена или под притисок било какво решение или било каков компромис. Секој компромис треба да соодвевствува со реалноста во којашто живееме и со европските вредности за кои Европа постојано на сите нас во целиот регион ни зборува“, рече Муцунски.

Министерот рече дека со Георгиев зборувале за потребата од деблокирање на нашиот пат кон полноправно членство.

„Зборувавме за потребата од јасен и предвидлив пат којшто е во рамките на европските стандарди и принципи. Зборувавме за потребата од примена на соодветни малцински права во соседна Бугарија, посебно во делот на потребата од примена на пресудите од Европскиот суд за човекови права. Кога Европа нас ни зборува за примена на европски вредности, соодветно е и ние да ги одбраниме нашите позиции, односно позициите на сите Македонци кои живеат во било која земја во светот, вклучително и во соседна Бугарија“, истакна Муцунски.

Муцунски и Георгиев вчера остварија средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија и положбата на македонското малцинство во Бугарија.

„Министерот Муцунски изрази жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтеграциски процес. Притоа, тој истакна дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со заемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи, покрај другото, подразбираат и поддршка за европските интеграции како стратешка определба на државата“, стои во соопштението на Министерството.

globe

Слични новости

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски смета дека одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, е политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8 и дека „во вода паѓа“ и пропаганда против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и против него

Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен суд за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања 

Експерти од земјава и странство на подготвителната седница на Уставен суд за Законот за јазиците, ќе се дискутира за шест спорни правни прашања 

На 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава