Федерико Оливиери, попознат како Оли во својата татковина, ќе ја претставува Италија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Базел, откако победи на 75. издание на фестивалот Санремо со песната „Balorda Nostalgia“.
Дваесет иосумгодишникот од Џенова и пред две години беше победник на Санремо.
Песната „Balorda Nostalgia“ зборува за спомените од минатото кои одеднаш повторно се појавуваат и повторно носат болка.

„Чувството многу ни е познато нам кои доаѓаме од морето“, рече Оливиери.
Оли комбинира поп, хип-хоп и електронска музика, а моментално е на турнеја по Италија, каде настапува во преполни сали.
Италијанската јавна телевизија RAi го емитуваше фестивалот во живо пет последователни вечери, при што гледаноста понекогаш надминуваше 70 проценти.
Италијанскиот фестивал на забавната музика Санремо се одржува секоја зима од 1951 година и е најстарото натпреварување од ваков вид во Европа.
Слични новости
Мајкл Фасбиндер пропуштил шанса да стане филмски Џемс Бонд
Мајкл Фасбиндер ја пропуштил шансата да го игра култниот шпионски лик Џемс Бонд, откако на кастот го препорачал својот колега Даниел Крег за таа улога.
Одлични реакции по претпремиерата на филмот на Дизни „Снежана“ во Лос Анџелес
Станува збор за игран мјузикл според класичната бајка за „Снежана“. Првичните реакции на пибликата се дека филмот во кој главната улога ја толкува Рејчел Заглер е успешен и подобар од очекувањата.
Најслаб викенд на Бокс офисот во 2025
Викендот што измина беше најслаб на Бокс офисот во 2025, а ниту еден филм не успеа да ја надмине бројката од 10 милиони долари заработувачка. Прв на листата е акциската комедија на парамаунт „Новокаин“со заработка од 8,7 милиони долари во премиерниот викенд.