Во израелски воздушен напад источно од Рафах во граничната област на Појасот Газа кон Египет загинаа тројца полицајци, објави Министерството за внатрешни работи на Хамас, нарекувајќи го кршење на кревкиот прекин на огнот воспоставен на 19. јануари.

Министерството соопшти дека полицајци биле распоредени за да обезбедат влез на хуманитарни камиони во Газа.

„Силно го осудуваме ова злосторство. Ги повикуваме посредниците и меѓународната заедница да ја принудат окупаторската армија да престане да ги напаѓа полициските сили, кои се цивилна служба“, се вели во соопштението.

Израелската војска тврди дека нападот бил насочен кон неколку вооружени лица кои се движеле кон израелските сили во областа и дека „целите биле потврдени“. Ги повика жителите на Газа да ги следат воените инструкции и да се држат настрана од израелските војници распоредени во регионот.

globe

Слични новости

Трамп ги опиша разговорите со Путин продуктивни, Зеленски вели дека Русија е во застој

Трамп ги опиша разговорите со Путин продуктивни, Зеленски вели дека Русија е во застој

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рече дека има „многу добри шанси“ да се стави крај на руско-украинската војна по „продуктивната“ дискусија со рускиот претседател Владимир Путин, додека украинскиот лидер Володимир Зеленски ја обвини Москва дека само „го комплицира и го одложува процесот“ со поставување услови за прекин на огнот