Реформата во правосудството е мајка на сите реформи. Тоа мора да биде приоритет и цврсто верувам дека ова е основата. Откако реформите ќе бидат спроведени, корупцијата може да биде елиминирана, а довербата исто така и на инвеститорите ќе се врати и тоа е многу важно за државата да просперира, изјави вечерва во интервју за националната телевизија евроамбасадорот Михалис Рокас.
Потсетува дека експерти на ЕУ дале 40 препораки и сугестии, како и извештаи за состојбата во правосудството, а посочи и на Извештајот за напредокот на Македонија.

„Сето тоа содржи сѐ што треба да се направи за усогласување на земјата со стандардите на ЕУ во контекст на владеење на правото. Значи, сето ова е дел од процесот. Вистина е дека има неколку препораки за составот и изборот на членовите на Судскиот совет, за разрешувањата и механизмите, но сето тоа е дел од механизмите што треба да се воведат, вклучително и новите закони што треба да се применат“, рече Рокас.
Нашите препораки, додаде тој, не се насочени против одредени поединци во судскиот систем туку претставуваат низа значајни препораки кои доколку се имплементираат и законите бидат усвоени ќе овозможат зајакнување на судството и неговото независно функционирање.
Слични новости
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени
Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на опожарената дискотека
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот