Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал „добар разговор“ со американскиот потпретседател ЏејДи Венс, но додаде дека е неопходна дополнителна работа на планот за завршување на војната во Украина.
Двајцата лидери се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што одржаа краток билатерален состанок.

По разговорот, Венс изјави дека имале „неколку продуктивни дискусии“ и дека остануваат прашања што треба да се доработат. Тој, сепак, избегна да одговори дали САД ќе водат преговори со рускиот претседател Владимир Путин без Украина.
„Важно е да почнеме да ги водиме неопходните разговори за затворање на ова прашање, изјави Ванс. – Тоа е сè што ќе кажам за сега, бидејќи сакам да ги зачувам можностите за нашите преговарачи и тимовите што работат на одговорно затворање на ова прашање“, додаде.
Зеленски, пак, порача дека ова е само првиот од многуте состаноци.
„Имавме добар разговор денеска, наш прв, но не и последен. Треба повеќе да зборуваме, повеќе да работиме и да го подготвиме планот за тоа како да го запреме Путин“, истакна украинскиот претседател.
Слични новости
Си ја отфрлил поканата за присуство на самитот ЕУ-Кина
Пекинг им кажа на претставниците на ЕУ дека премиерот Ли Кианг наместо со Си ќе се сретне со претседателите на Европскиот совет и Комисијата,
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави