Производителот на луксузни автомобили „Porsche“ во четвртокот објави дека планира да укине околу 1.900 работни места во две фабрики во нејзината матична земја Германија до 2029 година.
Планирани се отпуштања во главната фабрика на „Porsche“ во Штутгарт и во развојниот центар во Вајсах.
На вработените во „Porsche“ моментално им се гарантираат работните места до крајот на деценијата, што значи дека компанијата ќе мора да ги поттикне доброволно да си заминат.

Менаџментот веќе лани почна да го намалува бројот на вработени, најавувајќи дека повеќе нема да ги продолжува договорите на определено време.
На почетокот на месецот неочекувано најавија дека ќе ги отпуштат финансискиот директор Луц Мешке и главниот директор за продажба Детлев фон Платен, без да наведат причини. Исто така, посочија дека ќе го пренасочат својот фокус назад кон возилата со мотори со внатрешно согорување.
Германскиот производител на луксузни автомобили е особено погоден од тензиите во трговските односи меѓу Кина и ЕУ. Брисел воведе дополнителни царини за увоз на електрични автомобили произведени во Кина минатата есен, а Пекинг навести дека може да одговори со зголемување на тарифите за бензинските седани и теренците со мотори поголеми од 2,5 литри.
Кина сочинува четвртина од глобалната продажба на „Porsche“. Во јануари компанијата објави дека минатата година испорачала 28 отсто помалку автомобили во Кина отколку во 2023 година.
Слични новости
Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина
Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини
Европските берзи продолжуваат да растат и покрај корекцијата на Волстрит
На европските берзи седмицата започна со берзански индекси во „зелено“, што само го зголемува контрастот во изведбите на пазарите на капитал во Европа и на Волстрит, но инвеститорите тргуваат внимателно, стравувајќи од нова нестабилност што ги потресе светските берзи последните седмици
Индексот на доларот достигна најниско ниво во последните пет месеци, нафтата поскапе
На девизните пазари, индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на шест други светски валути, во понеделникот претпладнето се движи околу најниското ниво во последните пет месеци од 103,71 поени