Во идните преговори, Украина веројатно ќе загуби и територии. Трамп рече дека Киев не би требало да очекува враќање на границите пред 2014 кога Русија го анектираше Крим. Русија „зазеде многу земји, се бореа за тие земји и загубија многу војници“ наведе Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп имаше одвоени телефонски разговори во средата со руските и украинските челници, додека неговата администрација се фокусира врз она за што тврди дека е мапа за окончување на војната во Украина. Преговорите за окончување на конфликтот, едно од клулните ветувања на Трамп за време на кампањата би требало да почнат веднаш, порача Трамп.
Во меѓувреме неговиот министер за одбрана Пит Хегсет даде до сега најдетален преглед на ставовите на администрацијата за клучните прашања во војната, од украинските аспирации за членство во НАТО до нејзините територијални цели.

Трамп изјави дека 90 минутниот разговор со Владимир Путин бил многу продуктивен и дека Путин ја дели неговата цел да се оконча војната. „Како штодвајцата се согласивме, сакаме да спречиме милиони жртви кои се случуваат во војната меѓу Украина и Русија.“ напиша Трамп во својата објава на неговата мрежа Трут Сошиал.
„Претседателот Путин дури го употеби моето силно мото на кампањата ЗДРАВ РАЗУМ. Ние двајцата силно веруваме во тоа“. Трамп подоцна соопшти дека панира да се сретне лице в лице со Путин, најверојатно во Саудиска Арабија, во не толку далечна иднина.
Разговорот на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, минал многу добро, според изјавата на Трамп кој рече дека Зеленски „сака да постигне мир“.
Зеленски по разговорот рече дека „Ги дефинираме нашите заеднички чекори со Америка за да ја запреме руската агресија и да гарантираме сигурен и траен мир“. Меѓутоа, Трамп подоцна ги намали очекувањата на Зеленски за некои од главните воени цели и им рече на новинарите дека Украина веројатно нема да ја врати својата територија која Русија и ја одзеде, ниту ќе се приклучи на НАТО.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет тврди дека ставот на Трамп се заснива врз јасен поглед на првата линија на фронтот, каде што Русија главно победува. Тој јасно стави до знаење дека Вашингтон го преместува својот фокус врз својата територија и азиско-пацифичкиот регион, што значи намалувања во Европа. „Ќе ја окончаме оваа разурнувачка војна и ќе воспоставиме траен мир, само со здружување на сојузничките сили со реалната проценка на ситуацијата на фронтот“, им рече Хегсет на колегите во коалицијата од 57 држави што ја поддржуваат Украина.
Хегсет, исто така рече дека не верува оти членството на Украина во НАТО е реален исход од решението што ќе се договори. Дури и Зеленски призна дека членството на Украина во НАТО би можело да отпадне, предлагајќи план Б за одбраната на Украина во интервју за Економист. Доколку Украина не стане земја членка на НАТО, тогаш мора да формира армија која по сила е еднаква на руската војска. За тоа ни требаат оружје и пари. И тоа ќе го бараме од САД, рече Зеленски.
Во идните преговори, Украина веројатно ќе загуби и територии. Трамп рече дека Киев не би требало да очекува враќање на границите пред 2014 кога Русија го анектираше Крим. Русија „зазеде многу земји, се бореа за тие земји и загубија многу војници“ наведе Трамп. Хегсет претходно порача дека барањето на „илузорна цел“ и враќање на границите на Украина од 2014 „само ќе ја продолжи војната и ќе доведе до поголеми страдања„.
Ова е спротивно од претходната американска администрација под водство на Џо Бајден која даде десетици милијарди долари воена помош и вети дека ќе го поддржува Киев се додекае потребно против руската инвазија.
Се чини дека и Зеленски, кој долго ја исклучуваше можноста за отстапување на било какви територии на Русија, молкома се прилагодува на стратегијата на САД.
Идните гаранции за Украина нема да вклучуваат американски трупи на теренот. Хегсет наведе дека сигурноста на Украина би требало да ја чуваат способни европски и неевропски трупи . Ако трупите бидат распоредени како мировни сили, тие не би требало да бидат поврзани со НАТО, наведе Хегсет.
Според воените експерти, ова ефективно исклучува веродостојни безбедносни гаранции.
Идниот голем настан кој треба да се следи е безбедносната конференција во Минхен, на која Зеленски ќе има среди со амриканскиот потпретседател Ванс и државниот секретар Марко Рубио. Пратеникот на Трамп за Русија Кеит Келог, исто така ќе биде присутен. Тој рече дека кога ќе се вратат од Минхен, ќе му претстават на претседателот опции, за да знае како ќе изгледа тоа кога директно ќе се вклучи во мировниот процес.

Бурната дипломатска акција и изјавите на американските, руските и украинските челници веројатно значат дека е во тек процес на изнаоѓање решение за привремен прекин на огнот или пауза во активното војување.
Стивен Куилен
Слични новости
Германија: Се наѕира тешко формирање влада по изборите
Непосредно пред предвремените парламентарни избори во недела, анкетите сè уште покажуваат дека Христијанско-демократската унија CDU/CSU и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц се во водство, но резултатите покажуваат дека формирањето влада може да биде долго и напорно
Финишира изборната кампања во Германија
Веројатната победа на Христијанско-демократската унија (CDU), која ја претставува демохристијанската опција на федерално ниво, и баварската Христијанско-социјална унија (CSU), сепак, ќе биде само првиот чекор во формирањето стабилна влада
Минхенската безбедносна конференција влегува во последниот ден
Минхенската безбедносна конференција го започнува својот трет и последен ден во неделата, со дискусија доминирана од насоката на новата американска администрација во украинската војна и споровите околу европското учество во мировните преговори