75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, попознат како Берлинале, беше отворен во четвртокот вечерта со доделување на почесната Златна мечка на шкотската актерка Тилда Свинтон.
„Мислам дека има многу малку луѓе во филмскиот свет кои повеќе се поврзуваат со Берлин отколку Тилда Свинтон“, рече режисерот Едвард Бергер на свеченото отворање.
По доделувањето на наградата за животно дело „Златна мечка“, вон конкуренција беше прикажан новиот филм на германскиот режисер Том Тајквер „Светлина“.

За време на свеченото отворање, говорниците укажаа на нападот што се случи претпладнето во четвртокот во Минхен, кога Авганистанец со автомобил повреди околу 30 лица.
„Иако ние овде ја славиме церемонијата на отворањето на Берлиналето, со тешко среце сме со луѓето од Минхен“, изјави водителката на свеченото отворање, луксембуршката актерка Дезеире Носбуш.
Пред церемонијата на отворањето, неколку актери, како и новата директорка на Берлинале, Трисија Татл, изразија солидарност со израелскиот актер Дејвид Куни, кој е заробен од Хамас.
Недалеку од отворањето на Берлиналето, пак, неколку демонстранти протестираа со натписи „Слободна Палестина“.
Берлинале го негува имиџот на фестивал кој главно се фокусира на политички теми. Годинава во главната конкуренција ќе бидат прикажани 19 филмови, а победниците ќе бидат објавени на претпоследниот фестивалски ден, сабота 22 февруари.
На свеченото отворање присуствуваа германската државна секретарка за култура Клаудија Рот, како и неколку министри за култура од европските земји.
Меѓу филмовите од поранешна Југославија, на овогодинешното Берлинале ќе биде прикажан новиот филм на српскиот режисер Желимир Жилник, „Враќање, или, Сонот и јавето на старата гарда“. Хрватскиот филм „Зајачки насип“ на режисерката Чејен Черниќ Чанак, кој светската премиера ќе ја има како дел од младинската филмска програма Генерација 14плус
Меѓу меѓународните ѕвезди кои се очекува да присуствуваат оваа година се актерите Итан Хок, Тимоти Шаламе и Роберт Патисон.
Вкупно во десетте фестивалски денови ќе бидат прикажани над 200 филмови.
Заедно со филмските фестивали во Венеција и Кан, Берлиналето се смета за еден од најважните филмски фестивали во светот.
Слични новости
Ракетата на Спејсекс полета за да преземе двајца американски космонаути
Вселенската ракета Фалкон 9 на американската компанија „Спејсекс“ со четири астронаути полета од Флорида за да преземе двајца астронаути кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица ИСС.
Тејлор Свифт заработила над 100 милиони долари од стриминг платформата Спотифај
Британскиот весник Дејли Меил објави дека Тејлор Свифт заработила 103,5 милиони долари од услугите на стримиг платформата Спотифај за 2024.
Де Ниро во двојна улога во мафијашкиот филм „The Alto Knights“
Славниот холивудски актер Роберт де Ниро игра не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knightsто“ која наскоро доаѓа во кината