Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо повторно е на врвот на листата на најплатени спортисти во светот со вкупен приход од 260 милиони долари во 2024 година, објави порталот Sportico.

На листата се наоѓаат спортисти од 27 земји и осум спортови кои минатата година заработиле вкупно 6,2 милијарди долари.

 

На листата се најдоа НБА кошаркари – 35, потоа играчи на американски фудбал (рагби) – 23, фудбалери – 12, бејзбол играчи – 11, голфери – 9, боксери – 6 и по двајца возачи во Формула 1 и двајца тенисери.

Од вкупната сума, 4,8 милијарди долари се однесуваат на плати и наградни пари а 1,4 милијарди долари на заработка надвор од теренот.

На врвот на листата е Роналдо кој лани заработил 260 милиони долари, од кои 215 милиони од плата. Втор е НБА кошаркарот Стивен Кари од тимот на Голден Стејт Вориорс со 153,8 милиони долари, додека на третото место е британскиот боксер Тајсон Фјури со 147 милиони долари.

Првата петорка ја заокружуваат аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 135 милиони долари и кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 133,2 милиони долари.

Меѓу Топ 100 по заработка нема ниту една спортистка. Најмногу заработила американската тенисерка Коко Гоф – 30,4 милиони долари.

ТОП 10:
Кристијано Роналдо (Португалија/ фудбал) 260 милиони долари
Стивен Кари (САД/ кошарка) 153,8
Тајсон Фјури (Велика Британија/ бокс) 147
Лионел Меси (Аргентија/ фудбал) 135
Леброн Џејмс (САД/ кошарка) 133,2
Нејмар (Бразил/ фудбал) 133
Олександр Усик (Украина/ бокс) 122
Карим Бензема (Франција/ фудбал) 116
Килијан Мбапе (Франција/ фудбал) 110
Јон Рам (Шпанија/ голф) 105,8….

globe

Слични новости

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми