Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

 

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлог-законот за дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, сите по скратена постапка. На дневен ред на седницата е и Предлог-законот за изменување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Македонија, во прво читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, по скратена постапка, кои се на дневниот ред и на Законодавно-правната комисија.

globe

Слични новости

Чупеска: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Чупеска: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес-конференција од седиштето на партијата побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но и темелна и независна истрага за трагедијата во Кочани. Таа испрати апел до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај, и одговорните да одговараат

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и корупција.