Американскиот претседател Доналд Трамп во средата на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека имал „долг и многу продуктивен разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин за време на кој се договориле „веднаш“ да започнат мировни преговори во Украина.
„Се договоривме да работиме заедно, многу тесно, што вклучува меѓусебни посети на нашите земји“, напиша републиканскиот претседател, додавајќи дека „веднаш“ ќе го информира украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговиот разговор со рускиот челник.

Кремљ објави дека Путин и Трамп разговарале речиси час ипол и се договориле да се сретнат, пренесува Reuters.
Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека Путин го поканил Трамп во Москва.
Претходно извор од Белата куќа за CNN извести дека Трамп во средата утрото по американско време телефонски разговарал со рускиот колега по должност, но не беа дадени други информации.
Ова е прв познат директен контакт на Путин со американски претседател од февруари 2022 година, кога разговараше со поранешниот претседател Џо Бајден.
Слични новости
САД депортираа стотици осомничени припадници на венецуелска банда
Соединетите држави депортираа стотици наводни членови на венецуелската банда Трен де Арагуа користејќи го Законот за странски непријатели од 1798 година, кој сега е блокиран, изјави мериканскиот државен секретар Марко Рубио
МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и корупција.
Распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени
Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, меѓу жртвите и полицаец од Радовиш на должност