Најдоцна до крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за пресметка на минималните трошоци на едно семејство, најавува министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека во Министерството за економија и труд вчера е одржан еден состанок, но дека ќе следуваат уште неколку по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет. Според Дурмиши, во синдикалната потрошувачка кошничка има производи кои не треба да бидат дел од основната потрошувачка кошничка.

„Вчера имавме состанок во Министерството за економија и труд каде имаше претставници од министерствата за финансии и за земјоделство, од Царина, од Државниот завод за статистика и од Пазарниот инспекторат. Беше прв состанок за да направиме нова методологија како ќе ја мериме минималната потрошувачка кошничка бидејќи во синдикалната потрошувачка кошничка има производи на кои не им е местото таму. Имаат многу производи кои не се трошат, а се ставени таму како на пример нескафето и се земени цените од онлајн купување. Треба да се земат цените од трите маркети и да се земе една просечна цена“,  рече Дурмиши.

За минималната плата за која во март треба да има усогласување, Дурмиши вели дека таа ќе биде зголемена согласно законот, а доколку синдикатите сакаат друга висина на минималната плата треба да се договорат со работодавачите, а Владата ќе го поддржи тоа решение, но ќе мора да се видат и финансиските импликации.

Во однос на измените на Законот за недела неработен ден, Дурмиши вели дека на одредени дејности треба да им се дозволи да работат во недела, но не целосно да се укине недела како неработен ден.

„Поради тоа што некои синдикати го изгубија правото на репрезентативност значи треба да се додадат нови синдикати кои ќе бидат репрезентативни, минатата сендица немавме основа да донесеме одлука. Додека да се одлучи кој ќе бидат новите синдикати кои ќе бидат репрезентативни не може да донесеме одлука“,  рече Дурмиши.
globe

Слични новости

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини

Европските берзи продолжуваат да растат и покрај корекцијата на Волстрит

Европските берзи продолжуваат да растат и покрај корекцијата на Волстрит

На европските берзи седмицата започна со берзански индекси во „зелено“, што само го зголемува контрастот во изведбите на пазарите на капитал во Европа и на Волстрит, но инвеститорите тргуваат внимателно, стравувајќи од нова нестабилност што ги потресе светските берзи последните седмици

Индексот на доларот достигна најниско ниво во последните пет месеци, нафтата поскапе

Индексот на доларот достигна најниско ниво во последните пет месеци, нафтата поскапе

На девизните пазари, индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на шест други светски валути, во понеделникот претпладнето се движи околу најниското ниво во последните пет месеци од 103,71 поени