Цените на нафтата во вторникот се искачија на 77 долари на меѓународните пазари, како одраз на стравувањата на трговците дека американските санкции против Иран и Русија значително ќе ја намалат понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 1,20 долари повисока од вчерашното затворање на тргувањето, на 77,06 долари. Речиси за исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 73,43 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во понеделникот поскапел за 51 цент на 77,22 долари.

Пазарите се фокусираа на американските санкции за руската и иранската нафта на почетокот од седмицата. Поранешниот американски претседател Џо Бајден кон крајот на својот мандат воведе санкции за превозниците, осигурителите и производителите на руска нафта, што ја науши нејзината испорака во Кина и Индија, што предизвика пораст на цените на транспортот. Новиот кабинет под раководство на Доналд Трамп го зголеми притисокот врз Иран минатата седмица со нови санкции за превозниците кои транспортираат нафта во Кина.

Намалената понуда се совпадна со зголемената побарувачка за поевтино гориво поради поскапувањето на бензинот. Во такви услови новите американски царини паднаа во втор план.

Трамп во понеделникот објави дека, со цел да и помогне на домашната индустрија, ќе стави крај на сите олеснувања на 12. март и ќе воведе дополнителни царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја, Аргентина, Австралија, Бразил, Јапонија и Обединетото Кралство.

САД веќе воведоа царини за увозот од Кина, а Пекинг одговори со давачки за увоз на американски јаглен, течен природен гас и нафта.

Најавените царини и контрацарини би можеле особено да го оптоварат нафтено-интензивниот дел од глобалната економија и да ја доведат во прашање побарувачката, објаснуваат од инвестициската банка „Morgan Stanley“.

globe

Слични новости

Нафтата поскапе над 71 долар

Нафтата поскапе над 71 долар

Цените на нафтата се искачија над 71 долар за барел во понеделникот, бидејќи кинеските стимулации на потрошувачката и обновените тензии во Црвеното Море ги надминаа шпекулациите дека олеснувањето на американските санкции може да го отвори патот за зголемени испораки од Русија

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини