Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе понуди размена на територии контролирани од Киев во руската област Курск во замена за враќање на украинските територии окупирани од Русија, доколку се одржат преговори.
„Ќе размениме една територија за друга“, рече Зеленски во интервју за британски The Guardian објавено во вторникот.
Зеленски не прецизираше кои украински територии ќе ги бара, велејќи дека „сите украински територии се важни и дека нема приоритети“.

Русија моментално контролира околу 20 отсто од украинската територија на истокот и југот на земјата, како се наближува третата годишнина од инвазијата што ја започна на 24. февруари 2022 година.
Украина започна ненадејна офанзива врз регионот Курск во западна Русија во август минатата година и сè уште држи дел од територијата што првично ја зазеде, иако нејзината големина повеќекратно се намали за време на руските контранапади.
Официјални лица во Киев велат дека операцијата во областа Курск била наменета за заштита на пограничните области и дека заземената територија може да послужи како адут во можните мировни преговори, чија веројатност е зголемена според нив откако Доналд Трамп се врати на функцијата претседател на САД.
Зеленски постојано нагласува дека секој план за завршување на војната во Украина мора да вклучува силни безбедносни гаранции од сојузниците за да се осигура дека идната руска агресија не е можна.
Трамп во петокот рече дека најверојатно ќе се сретне со Зеленски оваа седмица за да разговара за завршување на војната. Во неделата тој објави дека бил во контакт со Путин, без да прецизира кога. Кремљ ниту ги потврди ниту ги демантираше овие контакти.
Слични новости
Зеленски против отстапките за Русија за помошта од Западот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата повика да не се прават „отстапки“ на Русија, која бара прекин на помошта од Западот за Киев пред да се постигне прекин на огнот, најавувајќи дека во среда ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и на стотина други лица, меѓу кои и новинари и еден бизнисмен, како дел од истрагата за корупција
Во притвор 17 лица, уапсен и потписникот на проектот дека дискотеката во Кочани исполнува услови за лиценца
Од сношти во притвор е човекот кој ставил потпис на проектот, според кој, дискотеката ги исполнува сите потребни услови за лиценца за работа. Се сомничи за тешки дела против општата сигурност.