Манчестер Сити вечерва од 21 часот ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Манчестер Сити групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши на 22. место на табелата со 11 бодови, додека Реал ја освои 11. позиција со 15.

-Играњето на плеј-офот за осминафиналето против Сити е големо изненадување, бидејќи тоа можеше да се случи во полуфиналето или финалето, но тоа е само поради наша вина. Подготвен сум на критики ако не одиме понатаму. Иако сме подготвени, мислам дека Сити е еден од најдобрите тимови во Европа и тие се предводени од најдобриот тренер, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во пресрет на натпреварот со Манчестер Сити.
Двојки од плејофот во ЛШ:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Брест – ПСЖ
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Спортинг Лисабон – Борусија Дортмунд.
Слични новости
Клиперси го победија водечкиот тим на истокот Кливленд
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда
Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.