Норвешкиот бруто домашниот производ (БДП), исто така, се намали во четвртиот квартал, покажаа податоците на статистичката агенција објавени во вторникот, што укажува на тоа дека економијата влезе во рецесија на крајот на 2024 година, со континуиран пад на активноста во секторот за нафта и гас.
Во периодот од октомври до декември БДП-то е намален за 0,6 отсто во однос на претходните три месеца кога според ревидираните податоци падна за 1,6 отсто.
Норвешка на тој начин влезе во рецесија на крајот на годината, бидејќи активноста се намалуваше два квартала со ред.
Активноста во секторот вадење нафта и гас и транспорт е намалена за еден отсто во однос на летниот квартал кога потона за 5,1 отсто.

Ако се исклучи секторот за нафта и гас, БДП се намалил за 0,4 отсто во четвртиот квартал, по речиси истиот процентуален раст во претходните три месеца.
Извозот на нафта и гас е намален за еден процент, по падот од 6 отсто во летните месеци.
Потрошувачката на домаќинствата и претпријатијата се задржа на нивото од претходните три месеци.
Во цела минатата година БДП порасна за 2,1 отсто, по стагнацијата во 2023 година.
Активноста во енергетскиот сектор скокна за 4,9 отсто, по падот од 1,0 отсто во 2023 година. Кога е исклучен енергетскиот сектор, таа се зголеми за 0,6 отсто, речиси исто како и во 2023 година.
Слични новости
Европските и американските берзански индекси се во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад додека пазарите ја очекуваат важната одлука на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, која ќе биде соопштена вечерва во 1900 часот
Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата
Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија
Пад на Волстрит пред состанокот на централна банка
На Волстрит цените на акциите значително паднаа во вторникот, по двата дена раст, бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред состанокот на челниците на американската централна банка