Европската комисија и Обединетото Кралство во понеделникот објавија дека чекаат појаснување за најавените нови царини на американскиот претседател Доналд Трамп за да можат да реагираат.
Европската комисија соопшти дека ќе реагира за да ги заштити интересите на ЕУ по најавата на Трамп за претстојните царини за металите, но рече дека нема да одговори додека не добие детално или писмено објаснување за мерките.

Трамп во неделата рече дека ќе воведе нови царини од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што е уште една голема ескалација на реформите на неговата трговска политика.
„ЕУ не гледа оправдување за воведување царини за нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани мерки“, се вели во соопштението на Комисијата.
Велика Британија ќе мора да „почека и да види“ дали се разјаснети заканите на Трамп за воведување царини за целиот увоз на челик и алуминиум во Соединетите држави, изјави секретарот за внатрешни работи, Анџела Игл.
Запрашан во понеделникот наутро за коментарите на Трамп, Игл рече дека владата ќе мора „да почека и да види дали претседателот е поконкретен за тоа што сакал да каже со тој коментар“.
„Имаме многу избалансирани трговски односи со САД – мислам дека трговијата меѓу нашите земји вреди 372 милијарди долари – и мислам дека е во наш најдобар интерес како долгогодишни сојузници и соседи, да продолжиме со таа избалансирана трговија“, рече Игл.
Слични новости
Израелска започна операција во Рафах, ЕУ повикува на враќање на примирјето
Додека европските челници на самитот во Брисел повикаа на враќање на примирјето и враќање на заложниците, израелската војска доцна во четвртокот објави дека започнала копнена операција во кампот Шабура во градот Рафах, во јужниот дел од палестинската енклава Појасот Газа
ЕУ ги одложи царините против САД до средината на април
Европската комисија одлучи да ги одложи тарифите што ги најави како противмерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија
Воени команданти на „коалицијата на волните“ на состанок во Лондон
Началниците на генералштабоите на околу триесетина земји кои се подготвени да дадат гаранции за безбедноста на Украина се собираат во четврток во Велика Британија за да разговараат за планот за одржување на мирот во случај на прекин на огнот