ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави.

globe

Слични новости

Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долга, ќе дадеме максимум од себе последиците да бидат што помали

Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долга, ќе дадеме максимум од себе последиците да бидат што помали

Министерот за здравство, Арбен Таравари истакна дека рехабилитацијата на децата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани ќе биде долг процес и оти ќе го дадат максимумот последиците да бидат што помали

Стошевски e нов директор на Општа болница Куманово, наместо разрешениот Трајановски

Стошевски e нов директор на Општа болница Куманово, наместо разрешениот Трајановски

Сашо Стошевски е назначен за нов директор на Општа болница Куманово. На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски