Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.

Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

 

На први јули, беше соопштено дека полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар, оти е објавен тендер за компресорите што не работат. Во средината на јули, беше поништена постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники, бидејќи не пристигнала ниту една понуда. Потоа следуваше друг тендер.

На 22 јануари, Министерството за здравство информираше дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

„Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема – резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема…

… Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места, разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC. Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници. По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција, беше наведено во соопштението.

globe

Слични новости

Сиљановска Давкова: Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, од градинка да учиме како да се однесуваме во катастрофи

Сиљановска Давкова: Да престанеме со импровизации, да градиме стандарди, од градинка да учиме како да се однесуваме во катастрофи

Мојата порака е да ја санционираме неодговорноста секогаш кога треба, да ги инспирираме младите, да ги задржиме, да возвратиме на помошта со помош, да изградиме подобар свет и дома и во соседството и надвор., рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.

Мисајловски – Хејбет: Македонско-турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво

Мисајловски – Хејбет: Македонско-турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво

-Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ за вашата несебична поддршка во згрижувањето на дел од повредените во пожарот во Кочани. Ако пријателите се покажуваат во мака, и двете земји покажаа дека стојат една зад друга секогаш кога има потреба за тоа, рекол министерот на средбата