Третиот светски рекет Карлос Алкараз ја освои својата прва титула во сала откако во неделата го победи третиот носител Австралиецот Алекс де Минор со 6-4, 3-6, 6-2 во финалето на Ротердам Опен.

 

Четирикратниот гренд-слем шампион, кој ја започна сезоната 2025 со пораз во четвртфиналето од Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, ја освои својата 17-та титула на АТП турнејата во кариерата и прва во затворено.

Шпанскиот прв носител го скрши Де Минор во третиот сет од финалето на овој АТП 500 турнир, ког направи брејк за водство од 4-2 и се покажа немилосрден победувајќи ги последните два гејма за титулата во дебитантскиот настап во Ротердам.

21-годишниот Шпанец во саботата во полуфиналето го победи Полјакот Хуберт Хуркач со 6:4, 6:7(5), 6:3, додека Де Минор го совлада Италијанецот Матија Белучи со 6:1, 6:2.

globe

Слични новости

Рома без Дибала до крајот на сезоната

Рома без Дибала до крајот на сезоната

Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека неговиот напаѓач и аргентински интернационалец 31-годишниот Пауло Дибала ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на левиот бутен мускул