Косовскиот премиер Албин Курти се очекува да победи на неделните избори во Косово, а неговата популарност се припишува на неговата цврста политика кон Србија. Но, многу поделената опозиција ги критикува неговите економски резултати и ги смета за разочарувачки.

Премиерот кој се идентификува како социјалдемократ на власт е од 2021 година, лидер на партијата Ветевендосје (VV – Самоопределување), а неговата влада последниве месеци се фокусираа на укинување на последните паралелни институции финансирани од Белград во областите на Косово каде што доминираат Србите.

Банките, поштите, даночната управа, издавањето српски таблички… Сите филијали во кои Белград вработуваше илјадници луѓе и кои му овозможуваа на српското малцинство да добива пензии и социјална помош беа затворени. Употребата на српскиот динар е забранета од 1 февруари 2024 година, што се толерираше до тој датум.

„Криминалните групи веќе немаат и никогаш повеќе нема да имаат моќ. А веќе нема и никогаш повеќе нема да има нелегални регистарски таблички“, се пофали Курти на митингот во Митровица.

Ваквата политика на VV може да ѝ донесе голема победа: според последните анкети партијата добива 50 отсто од гласовите, речиси исто како и на последните избори во 2021 година.

Тензии

Годините на власт на Курти беа обележани со чести тензии со српското малцинство и со Белград, особено по неуспешните прегтровори организирани од Европската унија во 2023 година.

Во мај истата година, десетици припадници на НАТО беа повредени во судирите со демонстрантите од српското мнозинство на северот од поранешната српска јужна српска покраина Косово и Метохија која со поддршка од водечките западни земји еднострано во 2008 година прогласи независност од Србија која сѐ уште не е целосно меѓународно призната. Во септември 2023 година, група вооружени Срби беа одговорни за смртта во експлозија на косовски полицаец на барокада пред да се засолнат во манастир на неколку часа, а потоа да побегнат во Србија откако неколкумина од нив претходно беа егзекутирани од косовските полицајци.

Екслозиите на виталниот канал за енергетската инфраструктура на Косово кон крајот на ноември 2024 година повторно ги зголеми тензиите.

Тоа никогаш не го поколеба Курти и неговата цврста политика кон Србија, дури и ако значи оттуѓување од меѓународната заедница, која го обвинува дека му врти грб на дијалогот.

Уште во средината на јануари, американската амбасада во Приштина изрази жалење што „продолжените и некоординирани дејства на косовската влада насочени кон затворање на институциите поддржани од Србија (…) ги поткопуваат аспирациите на Косово да се приклучи кон евроатлантската заедница“.

Некои гласачи му замеруваат поради ова, како 31-годишниот Аднан Брахими. „Тој повеќе не може успешно да ја води земјата, нè стави во судир со сите наши сојузници“, изјави Брахими за AFP.

Други, пак, сметаат дека тоа е кулминација на независноста на Косово прогласена во 2008 година, која Белград никогаш не ја призна, а не ја признаават уште повеќе десетици земји во светот, како и двете членки на Советот за безбедност при ОН – Русија и Кина.

„Сите поранешни премиери се правеа дека не гледаат дека Србија го направи она што го сака во областите со мнозинско српско население“, вели за AFP Беќир Битиќи, 33-годишен учител од Приштина кој без двоумење ќе гласа за Курти.

 

 

Економија?

За неговите критичари и десетици опозициски партии, Курти економски бележи неуспех. Косово останува една од најсиромашните области во Европа, а од 2011 година речиси 12 отсто од населението си заминало, според најконзервативните проценки.

Според последните податоци на Светска банка, стапката на сиромаштија била 19,2 отсто во 2024 година, а растот главно се заснова на потрошувачката и инвестициите во градежништвото, главно финансирани од дијаспората.

Опозицијата смета дека ова е опасна ситуација. Џавит Халити, кандидат на десничарската Демократска партија на Косово (PDK) и еден од најжестоките противници на Курти, ги обвини социјалдемократите дека „не прават ништо полезно за земјата“.

Демократската лига на Косово (LDK, од десниот центар) предводена од економистот Љумир Абдиџику вети дека ќе ги зголеми платите и пензиите за 75 отсто и ќе го прошири системот на стипендии за најсиромашните студенти.

„Курти даде празни ветувања“, го прозв Абдиџика косовскиот премиер за време на кампањата, надевајќи се дека „на граѓаните им е доста“.

PDK, чии главни водачи се обвинети за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал, и LDK, најстарата партија во Косово која изгуби голем дел од поддршката по смртта на нејзиниот лидер Ибрахим Ругова, сепак тешко ќе ги добијат изборите.

Косовците со право на глас, вклучително и дијаспората и оние со двојни државјанства во околните земји, ќе изберат 120 претставници. Речиси стотина набљудувачи од Европската унија, 18 од Советот на Европа и мноштво други од меѓународни или локални организации ќе го следат гласањето.

globe

Слични новости

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот