Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во петокот рече дека искуството покажало дека разговорите со САД „не се паметни, мудри или чесни“, објави официјалната новинска агенција IRNA.
Претходно седмицава американскиот претседател Доналд Трамп рече дека би сакал да започне да работи на „потврден нуклеарен мировен договор“ со Иран, откако ќе ја обнови својата кампања за максимален притисок врз земјата.

За време на неговиот претходен мандат во 2018 година, Трамп еднострано ги повлече Соединетите држави од нуклеарниот договор на Техеран од 2015 година со шесте светските сили и повторно воведе санкции што ја осакатуваа иранската економија.
Откако американските сојузници во ЕУ, постписнички на договорот од Виена, се продржуваат на санкциите на САД и се повлекоа од економската соработка со Иран, Техеран постепено ги игнорираше одредбите кои се однесуваат на количеството и степенот на иранското збогатување на ураниумот.
„Да се преговара со Америка не е ниту паметно, ниту мудро, ниту чесно. Тоа нема да реши ниту еден од нашите проблеми. Причината? Искуството“, рекол Хамнеи.
„Иран постигна договор со САД и другите земји по двегодишни разговори“ додал ајатолахот, „но Американците не го почитуваа и покрај бројните отстапки од страна на Иран. Едно лице го прекрши“, рекол Хамнеи, алудирајќи на Трамп.
Висок неименуван ирански функционер наводно изјавил за Reuters во средата дека Иран е подготвен да им даде шанса на САД да ги решат споровите.
Хамнеи рекол дека Техеран ќе возврати на ист начин доколку Американците го нападнат Иран. „Ако тие загрозат нашата безбедност, ние ќе ја загрозиме нивната“, рекол.
Осврнувајќи се на предлогот на Трамп за принудно преселување на палестинските жители од Газа во соседните арапски земји, Хамнеи рекол: „На хартија, Американците ја менуваат мапата на светот. Се разбира, тоа е само на хартија, бидејќи е лишено од реалност“.
Слични новости
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма
Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина