Почина Игор Југ, осуден за случувањата во собранието на 27 април, веста утринава ја потврди ,директорот на управата за извршување на санкциите, Александар Пандов кој кратко гостуваше во емисијата Здраво Македонија, а потоа ја напушти.
На Игор Југ му се слошило додека бил дома поради прекин од издржување на 12-годишната затворска казна поради влошената здравствена состојба.

Дел од медиумите објавија дека Игор Југ барал повторување на постапката, но Кривичен суд утрово ја демантираше таа информација. Оттаму информираа дека до Кривичниот совет не е доставено барање за повторување на постапката.
– Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката, велат оттаму.
Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април.
Слични новости
Првиот од 115. пациенти на лекување во странство се врати во земјава
Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.
Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
Собрание: Се работи на законски решенија што од понеделник ќе бидат во процедура
По информациите дека Собранието и седмицава нема да заседава и да се одржуваат седници на собраниските тела, оттаму денеска информираат дека во законодавниот дом се работи на законски решенија кои од понеделник ќе се пуштаат во процедура, како и дека се очекува да пристигнат предлог закони поднесени од Владата и министерствата.
По вчерашната координација беше соопштено дека присутните консензуално се согласиле имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.