Клучниот безбедносен систем бил исклучен на американски воен хеликоптер кој минатата седмица се судри со авионоте на регионален лет на компанијата „American Airlines“ во близина на аеродромот „Реган“ во Вашингтон, при што загинаа 67 луѓе.
Претседателот на Комитетот за трговија на Сенатот, Тед Круз изјави дека на хеликоптерот од типот „Black Hawk“ му бил исклучен приемникот ADS-B.
„Ова беше мисија за обука, така што немало убедлива причина за национална безбедност за исклучување на системот ADS-B“, рече Круз по брифингот на Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и Федералната управа за авијација (FAA).

Во најсмртоносната американска воздушна несреќа во повеќе од 20 години, леталата се судрија минатата седмица, а двете се урнаа во реката Потомак. Според досегашните информации на NTSB, хеликоптерот летал на околу 30 метри над максималната дозволена висина за таа рута.
Приемникот ADS-B е напредна технологија за надзор за следење на локацијата на авионите. Круз рече дека хеликоптерот има транспондер за да биде видлив на радарот, но ADS-B е значително попрецизен.
Минатата седмица сенаторката Марија Кантвел, највисокорангираниот пратеник на демократите во Комитетот, се запраша зошто FAA од 2018 година дозволува воените летала да летаат со исклечена инсталирана ADS-B опрема.
Круз, исто така, рече дека побарал од Федералната управа за авијација да изврши преглед на рутите на воените хеликоптери во близина на други прометни аеродроми.
По несреќата, FAA воведе значителни ограничувања на летовите со хеликоптери во близина на аеродромот „Реган“, барем до крајот на февруари, додека две помалку користени писти остануваат затворени. Според Федералната управа за авијација, цивилните авиони не смеат да бидат во иста зона на летот како полициските, медицинските или претседателскиот хеликоптер.
Американскиот секретар за транспорт Шон Дафи ги доведе во прашање „неважните“ летови на воените хеликоптери. „Ако генералите користат хеликоптери за да летаат низ овој воздушен простор од чиста удобност, тоа не е прифатливо“, рече Дафи.

Слични новости
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.