Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ изјави во средата дека е прашање на денови кога неговата оставка ќе биде констатирана во Скупштината и истакна дека тоа е „неповратен процес“. Според него, работите се јасни правно и политички и не е опција тој повторно да биде мандатар за формирање нова влада.
Вучевиќ, коментирајќи ги наводите во некои медиуми за неговата оставка, рече дека е доволно сериозен и одговорен човек и дека на 29 јануари се појавил пред српската јавност и најавил неотповиклива оставка.
„Тој процес е незапирлив. И после тоа, додека не се донесе одлука дали ќе добиеме нова влада или ќе има избори, јас ќе ја водам владата во технички мандат. Овде работите се многу јасни, правно и политички“, изјави Вучевиќ за телевизијата К1.
Тој изјави дека одлуката за одржување на седница на Националното собрание на која ќе биде констатирана неговата оставка ја носи претседателот на Собранието во договор со шефовите на пратеничките групи и дека за оставката нема да се одлучува на таа седница, туку само да се констатира.
Слични новости
Општ бојкот во петок, од сабота седмичен бојкот на малопродажен синџир во Хрватска
Вечерва завршува еднонеделниот бојкот на три трговски синџири во Хрватска – „Lidl“, „Eurospin“ и „DM“ и три вида производи – кока-кола и други газирани пијалаци, флаширана вода и детергент за миење садови
Околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар ја напуштиле Албанија во изминатите 14 години
За 14 години Албанија ја напуштите околу 5.000 лекари од општа пракса, но и специјалисти по одредена медицинска гранка, како и над 11.000 медицински кадар.
Хрватска : Граѓаните повикани да се изјаснат кои од трите трговски синџири сакаат да ги бојкотираат
Организаторот на бојкотот на трговските ланци во Хрватска „Ало инспекторе“ објави анкета со повик до граѓаните да се изјаснат кои три трговски синџири ќе бидат цел на новиот седумдневен бојкот.