На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, како и претходните денови, додека инвеститорите ги следат кварталните деловни резултати на компаниите и чекаат вести дали Вашингтон ќе воведе царини за Европската унија.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто. Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,02 отсто, на 8.570 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,42 отсто, на 21.415 поени, а париски CAC за 0,28 отсто на 7.885 поени.
Европските инвеститори не се склони кон ризик, бидејќи Вашингтон се заканува со царини на увозот од Европската унија, со оглед на големиот трговски суфицит на ЕУ во трговската размена со САД. Дополнително, инвеститорите се фокусираат на кварталните деловни резултати на европските компании.
![Глобе азиски берзи](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2024/10/Глобе-азиски-берзи.jpg)
А на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа во услови на претпазливо тргување.
Јапонскиот индекс Nikkie порасна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,5 и 1,1 отсто. Во Шангај и Хонгконг, пак, паднаа меѓу 0,6 и 1 процент.
На првиот работен ден по лунарниот новогодишен празник, цените на акциите паднаа на кинеските берзи бидејќи инвеститорите стравуваа од трговска војна меѓу САД и Кина. Вчера во САД стапија на сила царините од 10 отсто за увоз од Кина, а Пекинг најави дека од 10 февруари ќе воведе дополнителни царини од 10 до 15 отсто за увоз на одредени производи од САД.
Иако Белата куќа објави дека претседателот Доналд Трамп ќе разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг наредните денови, пазарите се претпазливи бидејќи не е објавено точно кога ќе се одржат разговорите.
Инвеститорите беа разочарани и од новите податоци кои покажуваат дека втората по големина економија во светот расте побавно од проценетото. Сепак, кинеските пазари се поддржани од силниот раст на цените на акциите на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција, благодарение на големиот успех на моделот за вештачка интелигенција на кинеската стартап компанија „DeepSeek“.
Останатите берзи во регионот го следат вчерашниот раст на Волстрит. Dow Jones порасна за 0,30 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,72 отсто, а Nasdaq индексот за 1,35 отсто.
По значителниот пад од претходниот ден, индексите на најголемата светска берза вчера ги повратија загубите, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од одлуката на Вашингтон да го одложи спроведувањето на царините за еден месец, откако Канада и Мексико соопштија дека ќе вложат повеќе напори на границите за да се запре илегалната миграција и шверцот на дрога.
Пазарот е поддржан и од солидни квартални деловни резултати. Од приближно 210 компании кои досега објавиле финансиски извештаи, приближно 77 проценти оствариле поголема заработка од очекуваната.
Меѓу најголемите вчерашни добитници беше акцијата на „Alphabet“, со поскапување од 2,6 отсто пред објавувањето на деловниот извештај. Сепак, во продолженото тргување по затворањето на Волстрит, цената на акциите на технолошкиот гигант падна за повеќе од 7 отсто, бидејќи инвеститорите беа разочарани од финансискиот извештај на компанијата.
Слични новости
Пад на доларот и нафтата
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути остро падна во раното претпладневно тргување во средата
Стравувањата од трговската војна се намалуваат на Волстрит
Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во вторникот, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Вашингтон ќе постигне договор за заштита на границите со Канада и Мексико и на тој начин да избегне трговска војна
Нафтата стабилна на 76 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари на 76 долари, додека инвеститорите се обидуваат да проценат дали новите американско-кинески царини ќе го означат почетокот на трговската војна