Во повеќе градови во Црна Гора во вторникот вечерта се одржаа блокади, меѓу кои и на еден од најфреквентните кружни текови во Подгорица, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Анастасија Мартиновиќ, која ја претставува студентската група „Камо Шјутра“, рече дека „се надеваме дека ќе ги освојуваме младите од ден на ден бидејќи оваа земја зависи од нас“.
Групата одржува протести и блокади од почетокот на годината, барајќи од премиерот Милојко Спајиќ да ги разреши вицепремиерот за безбедност Алекса Бечиќ и министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ поради, како што рекоа, полициските неуспеси на денот на масовното убиство во Цетиње на 1 јануари.
Освен оставките на министрите, тие бараат реформи во полицијата, конфискација на нелегалното оружје, подобра грижа за менталното здравје и враќање на граѓанското образование како задолжителен предмет во училиштата со транспарентот „Ни образ, ни образование“.
Црногорскиот премиер го отфрли барањето на студентите, наведувајќи дека „оставката е чин на морална и објективна одговорност“ и дека сите членови на владата „се предмет на промена по анализа на нивната работа“.
Граѓаните вечерва блокираа еден од главните кружни текови во Подгорица каде со свирежи и тапани ја изведоа „23 минути врева“ за 23-те жртви на двете масовни убиства извршени во последните две и пол години во Цетиње.ста.
Во знак на поддршка на студентите и граѓаните кои со денови ги блокираа патиштата во Подгорица, во Цетиње беше организирана блокада на кружниот тек на влезот во градот, а во Котор блокиран е пат кај стариот дел на градот.прекршуваат законот и ја загрозуваат безбедно
Слични новости
Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи
Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник
Америка ја замрзнува помошта за Косово
Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.
Шест илјади луѓе го напуштија Санторини
Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни