Силната поддршка од Европскиот парламент за европерспективата на Македонија беше потврдена на денешните средби во Брисел на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со европратениците Тајс Ројтен и Матеј Тонин, кои се известители на ЕП во сенка за земјава.
На средбите европратениците ја истакнаа важноста на реформите и динамиката на пристапниот процес, како и потребата од градење стабилни односи со сите земји членки на Унијата.
При тоа, беше нагласено дека продолжувањето на интегративниот пат зависи од заедничките напори и конструктивен пристап во решавањето на предизвиците на европскиот пат.
Министерот Муртезани, од своја страна, изрази благодарност за континуираната поддршка и ја потенцираше посветеноста на земјава кон европската агенда. Тој истакна и дека земјата останува активен партнер во процесот на пристапување и очекува предвидлив и праведен пристап од страна на Европската унија.
За време на дводневната посета на Брисел, што започна денеска, предвидено е Муртезани да се сретне и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, со копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ, хрватскиот европратеник Карло Реслер, со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Мати Масикас и со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке.
На средбите се очекува да се разговара за напредокот на земјава во процесот на пристапување во ЕУ, Реформската агенда, следните чекори во преговарачкиот процес, за соработката со европските институции, како и за политичките и безбедносни предизвици во регионот и за геополитичките аспекти на процесот на проширување.
Слични новости
Бубевски: Проширена постапката и за родителите на обвинетиот што ја прегази Фросина
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски, во гостување на телевизија Телма, за случајот со трагично загинатата Фросина Кулакова посочи дека постапката е проширена и против родителите на обвинетиот Васил Јованов
Мицкоски за случајот со Фросина: Работите треба системски да се решаваат, ова што се случи е резултат на ад хок решенија
Премиерот Христијан Мицкоски на владина прес-конференција во вторникот посочи дека одредени структури за да ја зајакнат својата политичка моќ кадровски интервенирале во рамки на обвинителството и судството во трагедијата од минатата седмица на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде што животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова
Таравари ја разреши досегашната и ја назначи за новата директорка на детската болница „Козле“
Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша во вторникот решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името