Берзанските индекси паднаа на Волстрит во понеделникот, но загубите беа ублажени во втората половина од тргувањето бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп го одложи воведувањето царини за увозот од Мексико.
Индексот Dow Jones падна за 0,28 отсто на 44.421 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,76 отсто на 5.994 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,2 отсто на 19.391 поен.
На самиот почеток од тргувањето, овие индекси беа во значително поголем дефицит бидејќи одлуката на американскиот претседател да воведе царини за Канада, Мексико и Кина предизвика страв од трговска војна.
Но, во вториот дел од тргувањето, загубите беа ублажени бидејќи Трамп го одложи воведувањето царини за Мексико за еден месец, имајќи предвид дека Мексико се согласи да испрати 10.000 војници на границата меѓу двете земји за да се запре илегалната миграција и шверцот на наркотици, особено фентанил.
Ова донекаде ги охрабри инвеститорите, но не целосно затоа што Трамп се заканува дека ќе воведе царини и на увозот од Европската унија.
„Трамп мислеше на тоа кога рече дека царините ќе бидат главната алатка за постигнување различни цели. Ризикот од царините ќе предизвика нестабилност на пазарите на краток рок. Се чини дека следната цел на Трамп е Европската унија“, вели Керол Шлајф, директорка во компанијата „BMO Family Office“.
По затворањето на Волстрит, Канада објави дека царините за нејзиниот извоз во САД се одложени за еден месец, како и во Мексико. И покрај ова, се чини дека претстои нестабилно тргување за глобалните берзи, бидејќи наметнувањето царини може да предизвика трговска војна, бавен раст на најголемите светски економии и заживување на инфлацијата.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс се намали за 1,04 отсто, на 8.583 поени, додека франкфуртски DAX за 1,40 отсто, на 21.428 поени, а париски CAC за 1,20 отсто, на 7.854 поени.
Слични новости
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник претпладнето се тргува претпазливо, при што индексите стагнираат, додека инвеститорите ја следат ситуацијата откако Вашингтон ја одложи примената на царините за увоз од Канада и Мексико, но не и од Кина
Царините на Трамп може да го намалат американскиот извоз за 22 насто
Новите царини на американската администрација на Доналд Трамп врз Канада, Мексико и Кина, би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 насто, доколку погодените држави возвратат со контрамерки, се наведува во денеска објавената анализа на Институтот за економски истражувања од Минхен.
Пад на вредноста на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари во раното тргување во вторникот падна вредноста на америакнскиот долар во однос на кошницата валути