Суспендиран е затворскиот полицаец којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското одделение во Шутка, но истрагата нема да заврши тука, уверува директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во интервју за вечерашната „Топ тема“ на телевизијата Телма.

Според него, јасно е дека во шемите се вклучени повеќе лица.

 

„Само во вонредна контрола денеска пронајдени се и одземени 70 мобилни телефони. Сто дисциплински постапки има кон затворски полицајци откако сум јас директор“, вели Пандов.

Потврди дека на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова му е одземен мобилниот телефон кој, како што рече, му бил однесен во кутија со колачи во ќелијата.

„Затворскиот полицаец што ја однел кутијата без да ја провери, е суспендиран. Од другата ќелија рекле дека на некој во ќелијата на Васил Јованов му паднал шеќерот, нешто во што никој не верува затоа што тоа се стари шеми“, истакна Пандов.

Претходно во понеделникот ви интервју во Дневникот на телевизијата Сител тој рече дека затворскиот полицаец во саботата не ја проверил кутијата со бисквити во која бил телефонот за Васил Јованов и постои сомневање, додаде Пандов, дека тој не знаел што има внатре односно „тоа не го направил онака, од наивност“.

Затворскиот полицаец е суспендиран во саботата, а наредниот ден и негов колега, исто така, бил суспендиран за телефон даден на притвореничка.

„Од една притворска ќелија, даден е телефонот преку кутија со бисквити во друга притворска ќелија и тоа го направил затворски полицаец… Убиецот на Фросина бара телефон, стапува во контакт со ова лице, тој го насочува парите да бидат исплатени на неговиот брат, 250 евра се дадени. Тројца сведочеа и истото го повторуваа, дека близок, од најтесен круг на семејството на Јованов, ги има дадено тие пари на братот на другото притворено лице“, рече Пандов.

Тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле.

Соопшти дека во моментов во Обвинителство се води постапка против триесет и двајца, а против сто затворски полицајци и други вработени во затворите се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, формирани се интервентни единици – една во „Идризово“ и една во затворот во Штип.

Според Пандов, сега се прават пет пати повеќе претреси од претходно и за разлика од порано кога, како што рече, при претресите се наоѓале само два-три расипани телефони, сега наоѓаат и 70 во еден ден, колку што денеска откриле 15 луѓе од интервентната единица од „Идризово’ претресувајќи 40 ќелии во затворот „Скопје“ (Шутка) каде што има 270 притвореници.

„Тврдам дека во најголем дел се внесени од тие затворски полицајци коишто и ден-денес таму уште работат…Тврдам дека во затворскиот систем е најголемата корупција“, рече Пандов.

Соопшти дека Затворската полиција има висока плата и бенефициран стаж, почетната е над 40.000 денари, а тие со повисоки чинови, рече, земаат и над 1.000 евра.

Во интервјуто Пандов кажа дека во минатото имало вработени затворски чувари кои порано биле затвореници. Во изминатите седум месеци најмалку 20 затворски полицајци се избркани од работа и „тој процес нема да прекине“. Најави и нови вработувања на луѓе кои ја сакаат работата и се чесни.

„Не се сите такви, запознав и многу чесни луѓе, патриоти, кои си ја саат работата, и за жал, знам и голем дел на луѓе на кои не им е местото таму и да носат униформа со ознаки на Република Македонија… Има млади и чесни дечки за кои таа плата е доволен мотив да работат“, додаде Пандов.

globe

Слични новости

Во петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот во Собранието

Во петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот во Собранието

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со 11 гласа „за“ денеска изгласаа одлука во петок во Собранието да се одржи јавна расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Обвинителството тврди дека Палевски го вози „реното“ на денот на грабнувањето на девојчето, одбраната, пак, дека на видеата се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Обвинителство на денешното рочиште за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и пензинерот Панче Жежовски презентираше видео записи од камерите на системот за надзор на сообраќакот „Сејф сити“ на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози аавтомобилот „рено кангу“ на денот на грабнувањето на осмоодделенката, а одбраната на Палевски вели дека се гледаат силуети и бара ДНК анализа

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).