Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ денеска допатува во Лос Анџелес и по излегувањето од авионот изјави дека е благодарен на сјајната прилика да игра за тимот на Лејкерс.

Далас вчера направи размена со Лејкерс, па во тимот од Лос Анџелес заедно со Дончиќ дојдоа и Макси Клебер и Маркиф Морис. Маверикс ги добија Ентони Дејвис, Макс Кристи и пик од првата рунда на драфтот во 2029.

Лејкерс денеска му посакаа добредојде на Дончиќ, кој рече дека кошарката му значи се, без оглед каде игра. „Ќе играм со истата радост, истата страст и истата цел – да освојувам титули“ им порача Дончиќ на навивачите на Лејкерс.

Словенечкиот кошаркар претходно се прости од Далас и наведе дека мислел оти во тој клуб ќе ја мине целата НБА кариера.

Слични новости

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс