На валутните пазари во раното претпладневно тргување во понеделникот, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути остро порасна откако Вашингтон воведе царини, бидејќи американската валута се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесните времиња.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 109,65 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 108,50 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 155,20 на 155,55 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0240 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0365 долари.

Откако САД воведоа царини за увозот од Канада, Мексико и Кина, цените на нафтата пораснаа, враќајќи дел од загубите од минатата седмица.

Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,96 отсто, на 76,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,90 отсто, на 73,90 долари.

globe

Слични новости

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цената на нафтата се одржува под 76 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во понеделникот на меѓународните пазари под 76 долари, откако САД и Мексико најавија разговори непосредно пред планираното воведување царини, намалувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

Трендафилов: Официјалната потрошувачка кошница е обид за минимизирање на ССМ и за незголемување на платите

ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка, а во креирањето официјална потрошувачка кошница што беше еден од заклучоците на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати).