Албумот на американската пејачка Бијонсе „Cowboy Carter“ во неделата освои Греми за најдобар албум на годината, додека „Not Like Us“ на Кендрик Ламар беше прогласена за најдобра снимка и песна на годината во Лос Анџелес на 67-та церемонија на доделувањето на најпрестижните награди во светот на музиката.

Бијонсе имаше 11 номинации за нејзиниот осми студиски албум „Cowboy Carter“ и беше наградена за најдобар албум и најдобар кантри албум. Американската суперѕвезда триумфираше пред Тејлор Свифт, Били Ајлиш и другите за да го однесе дома трофејот за најдобар албум, кој никогаш досега го нема освоено и покрај номинациите за нејзините албуми „I Am… Sasha Fierce“ (2008), „Beyonce” (2013.), „Lemonade” (2016.) и “Renaissance” (2022).

Доделувањето на наградите се одржа во арената „Crypto.com“ во Лос Анџелес, иако многу јавни настани беа откажани поради разорните пожари, а дел од церемонијата беше посветен на трагедијата што го погоди еден од најголемите американски градови.

Американскиот рапер Кендрик Ламар ја освои наградата Греми за најдобра снимка и песна на годината за „Not Like Us“, инспирирана од конфронтацијата со неговиот вечен ривал Дрејк. Раперот ги победи Бијонсе, Тејлор Свифт и Били Ајлиш и ја освои оваа престижна награда.

Објавена во мај 2024 година, „Not Like Us“ е дел од серијата песни во кои Кендрик Ламар отворено го критикува Канаѓанецот Дрејк. Песната, обележана со силен бас ритам, веднаш се етаблира како нов амблем на рапот на американскиот Западен брег.

Младата поп сензација Сабрина Карпентер однесе две Греми награди, со што уште еднаш ја потврди својата позиција на една од најперспективните ѕвезди на музичката сцена. Таа доби Греми за поп албумот „Short n’ Sweet“ и поп вокалната изведба „Espresso“.

Пејачката на „Pink Pony Club“, Чапел Роан беше прогласена за најдобра нова изведувачка и го искористи своето време на сцената за да ги охрабри издавачките куќи да им исплатат минимална плата на музичарите со здравствени бенефиции. Таа се присети на времето кога, како што рече, се чувствувала „дехуманизирана“ бидејќи немала здравствено осигурување.

Овогодинешните Греми награди беа дизајнирани да бидат дел од собирање средства за луѓето погодени од огромните шумски пожари што го погодија Лос Анџелес, во кои загинаа 29 луѓе а беа раселени илјадници, вклучително и многу музичари.

Добитниците на Греми ги избираат 13.000 пејачи, текстописци, продуценти, инженери и други членови на Американската академија за снимање уметности и науки.

globe

Слични новости

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес