Американскиот државен секретар Марко Рубио ја предупреди Панама да преземе итни чекори за да одговори на загриженоста на САД за кинеските компании кои управуваат со пристаништа во близина на каналот, за кои претседателот Доналд Трамп рече дека претставуваат закана за националната безбедност на САД.

САД и Панама постигнаа напредок во клучните прашања за миграцијата и трговијата за време на посетата на Рубио на Панама Сити, но не успеаја да најдат заеднички јазик за операциите на Панамскиот канал, при што претседателот Хозе Мулино рече дека суверенитетот на неговата земја над вториот најфреквентен воден пат во светот не е предмет на разговори.

„Трамп донесе прелиминарна одлука дека сегашната позиција на влијание и контрола на кинеската комунистичка партија над зоната на Панамскиот канал претставува закана за каналот“, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус.

Трамп одби да ја исклучи употребата на воена сила против Панама, предизвикувајќи критики од латиноамериканските сојузници и непријатели на САД. На сослушувањето во Сенатот минатата седмиа, претставниците на новата американска администрација рекоа дека може да се наметнат казни и ограничувања за бродовите со панамско знаме кои пристигнуваат во американските пристаништа поради спорот за каналот.

По состанокот со Рубио, за кој рече дека бил со исполнет со почит и срдечност, Мулино најави дека меморандумот за разбирање потпишан во јули со американското Министерство за домашна безбедност може да се прошири за да ги вклучи Венецуелците, Колумбијците и Еквадорците кои се обидуваат да стигнат до САД – и може се враќаат во татковината со летови од Панама.

Мулино, исто така, покажа подготвеност да прегледа некои кинески договори во Панама, вклучително и клучната 25-годишна концесија на „CK Hutchison Holdings“ со седиште во Хонгконг, обновена во 2021 година, за управување со пристаништата на двата влеза на каналот.

Договорот беше цел на американските законодавци и на администрацијата како пример за кинеската експанзија во Панама, што тие тврдат дека го прекршува договорот за неутралност потпишан од двете земји во 1977 година. Панамската влада и некои експерти го отфрлаат тоа тврдење, главно затоа што пристаништата не се дел од операциите на каналот и не претставуваат безбедносен проблем.

Поширок договор меѓу Панама и Кина како дел од кинеската иницијатива „Појас и пат“, според која азиската земја ги прошири инвестициите во Панама за време на претходните администрации, нема да биде обновен, рече Мулино.

„Ќе ја проучуваме можноста за предвремено раскинување“, додаде тој.

Мулино, исто така, рече дека би било „важно“ да се разговара лице в лице со Трамп за клучните прашања.

По враќањето на функцијата, Трамп се закани дека ќе ја преземе контролата над Панамскиот канал, кој беше изграден од САД на почетокот на 20 век и предаден на Панама во 1999 година, тврдејќи дека со каналот управува Кина.

Кина соопшти дека не игра никаква улога во управувањето со каналот и дека го почитува суверенитетот и независноста на Панама над водниот пат. Со каналот управува Управата на Панамскиот канал, автономна агенција надгледувана од панамската влада.

Претходно во неделата панамскиот претседател Хозе Раул Мулино истакна дека суверенитетот над Панамскиот канал не е предмет на дискусија, по разговорите со американскиот државен секретар Марко Рубио, но ја зголеми можноста за враќање повеќе мигранти од САД – и.

Каналот се појави како камен на сопнување меѓу двете земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп го обнови своето инсистирање дека САД мора да го преземат трговскиот коридор, кој е клучен за глобалната трговија, за да се намали кинеското влијание.

Зборувајќи за новинарите, Мулино навести можно проширување на постоечкиот договор со Соединетите држави од јули минатата година, што може да го отвори патот за директни депортации на мигранти од непанамци кои ја преминуваат џунглата Дариен Рифт на јужната граница со Колумбија. Тој, сепак, инсистираше на тоа дека американската влада мора да ги покрие трошоците.

Во последните години мигрантите минуваат низ оваа област со надеж дека ќе стигнат до САД.

Панамскиот челник рече дека таков продолжен договор потенцијално би можел да дозволи депортација на мигранти од Венецуела, Колумбија и Еквадор.

„Детално разговаравме за прашањето за миграцијата, со разбирање дека Панама е транзитна точка“, рече Мулино по средбата со Рубио.

Разговорот на Малин со Рубио, главниот дипломатски претставник на Трамп, е првата станица на Рубио на патувањето во неколку земји од Централна Америка, како и во Доминиканската Република, во следните неколку дена.

globe

Слични новости

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Прекинот на подводниот кабел со оптички влакна меѓу Латвија и Шведска на 26 јануари не е саботажа, објави во понеделникот шведскиот обвинител задолжен за случајот, со што ја поништи заплената на осомничениот брод

Вработените во FBI мора да ги откријат своите улоги во истрагите за нападот на Капитол

Вработените во FBI мора да ги откријат своите улоги во истрагите за нападот на Капитол

Вработените во американското Федерално биро за истраги (FBI) во неделата добиле наредба да одговорат на прашалникот за секоја активност што можеби ги вршеле во однос за кривичните случаи поврзани со упадот на вашингтонски Капитол на 6 јануари 2021 година