Доделувањето на Греми наградите е најголемата музичка вечер во Америка. Церемонијата која ќе се одржи во Лос Анџелес во неделата навечер, ќе трае цели осум часа, привлекувајќи ги најголемите ѕвезди на рокот, попот, кантри музиката и хип-хопот.

Организаторите ќе доделат 94 награди, од албум на годината, до најдобро хорско пеење.

Бијонсе и Тејлор Свифт го потврдија своето присуство, откако за прв пат се номинирани во истата категорија албум на годината од 2010 година. Бијонсе досега нема освоено Греми за албум на годината, а беше номинирана четири пати.

На годинешните Греми награди ќе му биде оддадено специјално признание на легендарниот продуцент Квинси Џоунс кој почина минатата година.

Слични новости

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

И Битлси и Стоунси добитници на Греми

Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, Битлси и Ролинг Стоунс, освоија секој по едно признание Греми на 67. американски музички награди во Лос Анџелес