Палестинската милитантна група Хамас денес му предаде тројца израелски заложници на Црвениот крст во Кан Јунис во Појасоот Газа. Предавањето на заложниците во согласност со договорот меѓу Израел и Хамас минало без инциденти, за разлика од сцените на ослободувањето на другите заложници минатите денови.

Тајмс оф Израел пренесе дека Црвениот крст сега заложниците треба да ги донесе кај припадниците на ИДФ и силите на Шин Бет во Појасот Газа и потоа двајцата да бидат спроведени надвор од палестинската енклава.

Еден од ослободените заложници е Кит Сегел, американски државјанин кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 заедно со неговата жена Авива. Таа беше ослободена за време на претходното примирје во ноември 2023. 

 

Слични новости