По жестоката дебата во петокот, Бундестагот го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија CDU/CSU за намалување на напливот мигранти кои немаат право на азил.
Законот беше неочекувано отфрлен поради тоа што неколку десетици пратеници на Унијата и Либерално-демократската партија (FDP), која беше до пред неколку месеци дел од владата на Шолц, го отфрлија усвојувањето на законот со неопходните гласови на AfD, откако тој ден претходно мина во долниот дом.
„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Но, законот пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (CDU) и кандидатот за канцелар на CDU/CSU, Фридрих Мерц по гласањето во Бундестагот.
Рече дека се обидел да ги убеди претставниците на сегашната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие тоа го одбија.
„Миграциската политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, рече Мерц.
Во исто време, анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството граѓани, 67 отсто, ја одобруваат иницијативата на Фридрих Мерц за заострување на миграциската политика. Мерц претстави план за драстично намалување на нерегулираната миграција по минатонеделниот смртоносен напад во Ашафенбург, во кој е осомничен Авганистанец.
Копретседателката на AfD, Алис Вајдел, по гласањето во Бундестагот рече дека тоа е „демонтирање на Унијата на CDU/CSU“ и ја доведе во прашање способноста на Фридрих Мерц да ја извршува функцијата канцелар затоа што ја „нема ни своја пратеничка група под контрола“
Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.
Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и на Зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се создаде можност за компромис за усвојување на предлогот без гласовите на AfD.
Унијата CDU/CSU се најде на удар на критиките по неjзиното барање за заострување на правилата за имиграција во Германија усвоено во средата благодарение на гласовите на AfD.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и дел од јавноста оваа акција ја нарекоа прекршување на премолчениот договор на етаблираните партии во повоена Германија за одбивање соработка со партиите од крајните делови на политичкиот спектар.
Од средата вечерта протести се одржуваат пред ограноците на Унијата CDU/CSU ширум земјата против соработката на демохристијаните со десничарската AfD.
На три седмици пред предвремените парламентарни избори, Унијата CDU/CSU води во анкетите на јавниот радиодифузен сервис ARD со 30 отсто, а по неа е AfD со 20 отсто. Социјалдемократите и демократите се околу 15 отсто поддршка, и двете партии.
Слични новости
Сенатот го потврди Крис Рајт за нов американски министер за енергетика
Американскиот Сенат во понеделникот го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Доналд Трамп
ЕК ќе толерира поголеми дефицити доколку земјите-членки трошат на одбраната
Најавата на претседателката на Комисијата би значела дека земјите-членки би можеле да имаат уште поголеми дефицити доколку овие средства се наменети за одбранбени проекти
Трудо: За триесет дена одложени американските царини за Канада
Канадскиот премиер и американскиот претседател разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, известуваат медиумите