Според примерот на успешната граѓанска акција во Хрватска, поради високите цени во супермаркетите, за денеска е најавен бојкот и во другите балкански земји, а граѓаните се повикуваат да се воздржат од било какво купување.
Акцијата е планирана во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а во Словенија веќе е во тек бојкот на некои супермаркети.
На социјалните мрежи веќе неколку дена се повикува на поширок бојкот за петок 31 јануари. Еднодневниот бојкот на супермаркетите во Хрватска минатиот петок предизвика големи реакции на граѓаните и властите, но и на трговците.
Граѓаните во Хрватска масовно ја поддржаа акцијата, а трговците почнаа да ги намалуваат цените.
Бојкотот на трговските дуќани кој се прошири низ целиот регион го поддржуваат речиси сите -граѓаните, здруженијата на потрошувачите, синдикатите, како и голем дел од политичарите.
Слични новости
Трудо: За триесет дена одложени американските царини за Канада
Канадскиот премиер и американскиот претседател разговарале двапати телефонски во понеделникот во обид да ја запрат трговската војна, известуваат медиумите
Вашингтон во конфликт со Приштина: Лага е дека Курти е близок на САД
Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно
Хрватска има најголема инфлација во еврозоната
Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика