На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали таа ќе изнесувала над 500 евра, истакна дека иако на Владата најмногу би ѝ одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.
„Дали ќе ја зголемиме минималната плата и тоа дали таа ќе била над 500 евра? Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека пет илјади евра треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот. Не можеби, туку сигурно најмногу ќе профитира, затоа што економијата и бизнисот ќе треба пропорционално да ги пондерираат сите плати, што ќе каже дека пропорционално ќе бидат пондерирани и придонесите во Буџетот во фондовите итн. реално најмногу можеби ни одговара“, реле Мицкоски.
Притоа премиерот го постави прашањето дали тоа би било исправно и правилно, оценувајќи дека станува збор за, како што рече, „морален хазард“.
Додаде дека минималната плата ќе биде онаа којашто ќе ја договорат работодавачите и работниците, а Владата ќе го олесни спроведувањето на тој процес.
„Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците. Ние сме страна којашто може да го фасцилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата. Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.
Слични новости
Таравари ја разреши досегашната и ја назначи за новата директорка на детската болница „Козле“
Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша во вторникот решение со кое ја разрешува досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, која деновиве побара медиумите да не ѝ го спомнуваат името
Божиновска и грчката амбасадорка Филипиду разговараа за гасниот интерконектор и енергетскиот пазар
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. Се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на проектите од регионално значење, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.