Кенет Мертен повеќе не е американски амбасадор во Бугарија. Мертен поднесе оставка од должноста која ја извшруваше изминатите години во Софија, која веднаш беше прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Вообичаена практика е при инаугурацијата на новата американска администрација сите актуелни амбасадори да поднесуваат оставка. Претседателот ја прифати оставката на амбасадорот Кенет Мертен, заблагодарувајќи му се за долгогодишната посветена служба на Соединетите држави“, се вели во соопштението на амбасадата.

Трамп го ослободи Мертен многу порано од вообичаената дипломатска пракса.
Во Бугарија е неполни две години, а вообичаеното време на дипломатски мандат е 3, а често и 4 години.

Кенет Мертен го наследи Херо Мустафа како американски амбасадор во Бугарија, чиј мандат истече во 2023 година.

globe

Слични новости

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни