РБ Лајпциг потврди дека преговорите со Париз Сен Жермен завршиле, а 21-годишниот холандски фудбалски репрезентативец Чави Симонс дефинитивно станува играч на германскиот бундеслигаш.
Во 2023 година, Симонс премина во ПСЖ од ПСВ, но од таа година до денес е на позајмица во РБ Лајпциг. Клубот од Лајпциг сега реши да го откупи неговиот договор, а Симонс потпиша договор до јуни 2027 година.
Лајпциг ги урна и сите клупски трансфер рекорди. Клубовите официјално не ја објавија сумата на оваа зделка, но медиумите наведуваат дека е платена отштета од 50 милиони евра, при што целата зделка потенцијално вреди близу 80 милиони евра со бонуси.
„Отсекогаш сум велел дека во Лајпциг се чувствувам како дома и чест ми е што овој клуб секогаш ми покажувал огромна почит“, изјави во оваа прилика Симонс, кој за Лајпциг на 60 настапи постигна 15 гола и даде 19 асистенции.
Лајпциг не се пласираше меѓу најдобрите 24 екипи во актуелната Лига на шампиони, додека моментално е на петтото место во Бундеслигата.
Претходниот најголем дојдовен трансфер на Лајпциг беше белгискиот фудбалер Лоис Опенда, за кого на Ланс му беше исплатена отштета од 40 милиони евра.
Слични новости
Тотенхем го доведе 19 годишниот Матис Тел од Барен Минхен
Во финишот на преодниот рок англискиот премиерлигаш Тотенхем ја комплетираше позајмицата на 19 годишниот Матис Тел од Баерн Минхен.
Тој доаѓа во Тотенхем на позајмица, но со опција да биде откупен за 60 милиони евра.
Насер Џига замина од Ѕвезда во Вулверхемптон
Досегашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Насер Џига потпиша договор со Вулверхемптон до 2030, соопшти англискиот клуб.
НБА: Уште еден „трипл-дабл“ на Јокиќ во победата на Денвер
Никола Јокиќ додаде уште еден 23-ти „трипл-дабл“ сезонава со 27 поени, 14 скока и 10 асистенции.